Еден загинат и 29 повредени во Скопје за продолжениот празничен викенд

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје, полицијата извршила увид на 37 сообраќални незгоди во кои едно лице загина, а 29 се повредени.

Од МВР информираат дека во петокот се случиле 12 сообраќајки од кои шест се со последица материјална штета, четири со телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица, а во две сообраќајки две лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Во саботата се случиле 11 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле седум лица. Случена е и една незгода во која едно лице-возач на автомобил им подлегнал на повредите.

Во неделата извршен е увид на вкупно три сообраќајни незгоди, од кои една е со последици материјална штета, една е со телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле две лица и една е со тешки телесни повреди во која се здобил еден сопатник

Вчера се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои четири се со материјална штета, пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле осум лица. Случени се две незгоди со последици тешки телесни повреди во која со ТТП се здобил еден возач на автомобил и еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле четири лица.

Полицијата преземала мерки кон девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, кон тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, 11 ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 58 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Во однос на непрописно паркираните возила Со помош на специјалното возило отстранети се 68 возила.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here