ЕДИНСТВЕНА РЕТРО ГАЛЕРИЈА: Како изгледаше Југославија (и Македонија) во 1920-те?

Во 1910-тите, 1920-тите и 1930-тите, германскиот фотограф Kurt Hielscher интензивно патувал низ Европа. Издал неколку фото-книги со пејзажи и архитектура од Италија, Шпанија и Германија. По нивниот успех, бил поканет од тогашните власти на Кралството Југославија (СХС) да го посети Белград, а потоа и да ја фотографира Југославија.

Добил преведувач, пропусници за слободно движење кај сите локални авторитети, автомобили, камери, леќи и сé друго што му било потребно.

На патувањето од Словенските Алпи до Бугарската граница, кое се одвивало во средината на 1920-тите, Хилшер направил околу 1200 фотографии. Од нив одбраните 191, лично од Хилшер, „го прикажуваат атрактивниот, разнолик карактер на природата, архитектурата, и начинот на живот на Југословените“, објаснува фотографот.

Колекцијата е објавена во 1926 година. Книгата одамна е надвор од печат. Сепак, сите фотографии се зачувани на Agfa Chromo Isorapid плочи, а ова се дел од нив.

Сплит

Замокот Оточец, Словенија

Девојки во Травник, Босна

Ново Село, Македонија

Бардовци, Македонија

Минаре во Јајце, БиХ

Црногорец на гусла

Народни носии од скопско

Оро

Крашња, Словенија

Дубровник и островот Локрум, Хрватска

Од Скопска Црна Гора

Вишеград, Босна

Шибеник, Хрватска

Девојки во Травник, Босна

Чрешњевец, Хрватска

Пак во близина на Бардовци, скопско

Еврејски гробишта во Сараево

Семејство во Србија (на самарот има лулка со бебе)

Мостар

Требиње, Херцеговина

Пазар во Сараево

Некаде во Македонија

Девојчиња во Сараево

Улица во Охрид