Елена блеска во Дубаи како вистинска Арапка – Галерија

Поп-пејачката Елена Ристеска деновиве ужива во убавините на Дубаи. Веднаш по пристигнувањето во најатрактивниот арапски емират, Елена ги објави првите фотографии од своето патување.

За секој кој престојувал во Дубаи секако неизоставно е посетувањето и фотографирањето на Бурџ ал-Араб. Елена ставила марама преку главата, сè со цел да ја испочитува арапската традиција. Таа покрај сликите остави коментар дека се вљубила во хотелот со седум ѕвездички кој е една од најголемите туристички атракции во градот.

Фановите на Елена, пак, не штедеа комплименти за изгледот на пејачката. Освен што ја нарекоа најубавата македонска пејачка, дел од нив ѝ порачаа да внимава да не ја бендиса некој Арап, па да остане таму.

#somewhereinthemiddleeast

A post shared by E L E N A ♥️🎵 (@elenaristeskaofficial) on

With my @mersihaakazim enjoying Dubai… #Dubai

A post shared by E L E N A ♥️🎵 (@elenaristeskaofficial) on

https://www.instagram.com/p/BfGogZTh3QU/?taken-by=elenaristeskaofficial

Секако во посета на овој величенствен град би било штета доколку не се почувствува и неговиот ноќен живот, па затоа Елена не заборави да гги израдува своите фанови со фотографија и во едно вакво издание. Мора да признаеме во секое издание изгледа одлично!

#Dubaiatnight #Dubai #nightout #Dubaimarina #lifestyle #shinebrightlikeadiamond #magic

A post shared by E L E N A ♥️🎵 (@elenaristeskaofficial) on