Емотивно видео: Моќна порака од мајките на бебиња кои биле родени предвреме

Пред неколку дена беше одбележан Светскиот ден на предвреме родените бебиња.

Емотивно видео, посветено на медицинските сестри кои се грижат за предвреме родените бебиња на интензивна нега, стопли милиони срца.

Овие мајки извесен период живееле во страв поради болното прашање „Дали нивните прерано родени бебиња ќе останат живи“?

Но, откако поминало доста време и нивните мали бебиња пораснаа и се развиваат добро, мајките не заборавија кој е заслужен за тоа.

Тие снимија емотивно видео во коеговорат за своите животни приказни и борбата која ја воделе. Во таа борба, благодарни се што не биле сами.

Во видеото покажуваат и фотографии од нивните малечки, но и снимки од процесот до нормализирање на состојбите.

Секоја мајка ќе се пронајде во овие моќни пораки, ќе и се вратат емоциите, но на крај сите ќе се чувствуваме среќно заради убавиот пресврт во овие приказни.

На крајот од видеозаписот, пораснати дечиња заедно со родителите со бакнежи и прегратки им се заблагодаруваат на медицинските сестри.

„До секоја сестра која не остава ниту едно бебе без прегратка. Ви благодариме“ !