ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Еве на кои патишта има снег во моментов

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.Снег со слаб интинзитет провејува на патните правци К. Паланка, Плетвар и Делчево кој не се задржува на коловозот, соопштија од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Снег денеска во Македонија- какво време не очекува наредните денови?<\h2>

Поради спуштање на студен воздух од север, денес и утре ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег.

Значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата од 1 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно со услови за појава на слаб дожд, кој на повисоките делови во котлината повремено ќе поминува во слаб снег особено попладне. Температурата до 5 степени.

Поради спуштање на студен воздух од север, денес и утре ќе има локални врнежи од дожд кои понекаде ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. На планините особено на запад и на исток врнежите ќе бидат од снег.

Најмалку врнежи ќе има во централните делови од земјава. Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само во крајните западните делови. Поинтензивни врнежи претежно од дожд се очекуваат во среда од средината не денот и особено во западните делови, каде што врнежите во текот на ноќта ќе бидат од снег. Ќе дува дува засилен југозападен ветер.