(ФОТО+ВИДЕО) Езеро Треска: Некогашната префинета скопска убавина денес заборавена скапана атракција

loading...

Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.

Езерото било место за релаксирање на скопјани цели 20 години, се до 1998 година кога истото е затворено за капачи поради загаденоста на водата. Постојано се наслушнуваат секакви муабети околу неговото повторно функционирање како главна летна атракција на скопјани.

Претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, свечено го отворил овој спортско-рекреативниот комплекс „Езеро Треска“ во 1978 година при неговата посета на Скопје.

Езерото Треска кое денес е под надлежност на Општина Сарај претставува спортско – рекреативна зона, чиј карактер би се задржал и откога истото би било реконструирано. Најголема пречка за реализација на овој проект претставува прочистувањето на водата во езерото.

Повозрасните скопјани носталгично се сеќаваат на жешките летни денови кога со своите семејства и пријатели се разладувале на брегот на скопското езеро, чија скоро цела должина била населена со камп-приколки, па за време на летниот распуст целиот град бил преселен и уживал во убавините и забавата која ја нудело езерото Треска.

На само неколку километри од градот, опкружен со зеленило и планината Водно, Треска претставувало синоним за атракција.

 

Скопјани особено во топлите летни денови сеуште знаат да го посетат ова место.

Она што е интересно е дека изминатата година скопјани ги надуваа гумите и ги распослаа пешкирите и направија вистинска атмосфера.

Па доколку сеуште немате идеја за одмор годинава, Треска ве очекува!