Фејсбук ја испробува новата опција која нема да им се допадне на многумина, но воведува и 157 нови емотикони

loading...

Фејсбук започна со тестирањето на “даун воут” опцијата, односно пријавување на неадекватни коментари, пишува “Tech Crunch”.

Сепак, постои страв меѓу корисниците дека таа опција само му дава ветер во грб на интернет насилниците.

Мала група корисници од САД добија шанса за да ја пробаат оваа опција.

Меѓутоа, голем проблем може да предизвика можноста големите групи да ја користат моќта како би ги отстраниле коментарите со кои не се сложуваат.

Иако е слично, “даун воут” и “дислајк” не е исто. Ако вашиот коментар има премногу негативни гласови, вас нема да ви биде откриено, туку информацијата ќе оди директно во Фејсбук. Доколку социјалната мрежа оцени дека имате доволно негативни гласови, може да ве отстрани од мрежата.

Популарното писмо со емотикони, смајли или емоџи годинава официјално се проширува со дури 157 нови знаци. Конзорциумот одговорен за избор на емотикони на сите платформи, Unicode, ги одобри новите знаци откако неколку месеци се работеше на нивниот избор. Листата со нови емотикони вклучува црвенокоси, пауни, гусарски знамиња, комарци…

Во веќе опширната збирка на сликовни знаци има вкупно 2.823 емотикони. Иако новите емотикони нема да можеме да ги користиме пред идната есен, ќе можеме да видиме како ќе изгледаат, пишува t-portal.hr.