Филип не штеди: Еве колку потроши за подарок за својата сакана Александра

loading...

Живојиновиќ уште пред да замине во Америка, каде ја запроси, одбра автомобил за својата идна сопруга.

Александра Пријовиќ доби од идниот сопруг Филип Живојиновиќ автомобил вреден 35.000 евра. Станува збор за „мерцедес“ кој е во сопственост на пејачката веќе две недели.

Веќе со години Пријовиќ има желба да научи да вози и да си купи автомобил, но не можела тоа да го оствари поради обврските.

Конечно кон крајот на минатата година почна со часови, а тестовите и возењето ги положи од првпат. Тогаш нејзиното момче реши да ја награди. Така Филип пред да замине за Америка, на својата сакана и одбра автомобил, кој ја чекаше по враќањето од САД каде што ја запроси.

Токму во тој автомобил таа деновиве дојде на снимање во „Гранд“.