ФК Вардар со апел до навивачите: Дојдете и бодрете го тимот на историскиот меч со Зенит

Раководството на ФК Вардар ги предупредува навивачите за фер и коректно однесување на утрешниот историски меч за клубот, прв во Европа Лигата. Македонскиот првак ќе игра со Зенит на „Филип Втори” арената од 21,05 часот. Со соопштение челниците на клубот ги повикуваат навивачите да дојдат во што поголем број и да го бодрат својот миленик на утрешниот меч

Раководството на ФК Вардар ги предупредува навивачите за фер и коректно однесување на утрешниот историски меч за клубот, прв во Европа Лигата. Македонскиот првак ќе игра со Зенит на „Филип Втори“ арената од 21,05 часот. Со соопштение челниците на клубот ги повикуваат навивачите да дојдат во што поголем број и да го бодрат својот миленик на утрешниот меч.

Во целост Ви го пренесуваме соопштението на ФК Вардар:

„Уште само неколку часа нè делат од првиот историски натпревар во групната фаза од Лигата на Европа. Таму се најде Вардар со успешните резултати во квалификациите, пред се во плеј-офот против Фенербахче. Историјата е веќе напишана, сега останува само гордо да чекориме по патот на големите европски клубови.

Ждрепката секаше во нашата група ривали да ни бидат Зенит Санкт Петербург, Реал Сосиедад и Розенборг. Првиот предизвик ни е веќе утре, на Националната Арена „Филип Втори”. Ни доаѓа славниот руски тим Зенит, неколкукратен првак, гигант на својата земја, тим кој што често е во завршницата во натпреварите во Европа.

Продажбата на блок билети за натпреварите во Лигата на Европа заврши. Сега е на ред продажбата на поединечни карти. Веруваме дека овој натпревар е магнет за публиката, да дојде во што поголем број утре на стадионот и да му даде поддршка на Вардар со една цел – тимот да забележи добар резултат.

Љубовта кон Вардар е голема, веруваме дека утрешниот натпревар против Зенит, ќе биде вистински празник на фудбалот.

Уште еднаш апелираме, за да мине сè во најдобар ред, потребно е и публиката да ги исполни очекувањата и да ги почитува строгите закони и строгите правила кој ги носат овие натпревари. Апелираме за фер и коректно навивање, без извици на национализам, на расизам против било кого. Да се воздржиме до секакви скандирања кои ќе донесат несакани последици на клубот. Да го заштитиме Вардар од строгите санкции и казни на УЕФА.

Затоа Ве молиме да дојдете порано на стадионот, да го завземете своето место на некоја од трибините. Да не носите со вас цврсти предмети, затоа што истите ќе Ви бидат одземени. За време на натпреварот да се однесувате според правилата и прописите. Да не седите на скали, туку на своето место. Со максимална поддршка да ги бодриме нашите момци во обидот да стигнат до нова домашна победа. Онака како што наликува на еден натпревар кој почнува да ја пишува Вардаровата историја.

Дојдете на трибините на Националната Арена „Филип Втори” и бодрете го Вардар. Сите заедно да славиме нова европска победа! Се гледаме на стадион!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here