Фолкерката Стефановска заглавена во снег со уште педесеттина возила: Македонија пат, фатете се за лопатите!

Околу педесеттина автомобили денес со часови стоеле на превојот Буково, помеѓу Ресен и Охрид, заглавени во снегот, кој целосно го покрил патот. Помеѓу нив билa и фолк пејачката Татијана Стефановска, која поминала цели два часа во автомобилот, чекајќи да се овозможат услови за движење, пренесува Фокус.

-По цели два часа на студ, едвам тргнавме, се движиме во прва брзина. Вистинска драма од обичен снег! Неверојатно е ова што се случува секоја зима на патиштата во Македонија, а уште поневеројатно е тоа што Македонија пат секогаш е наводно изненадена од снегот, посебно во јануари, февруари…

Тргнав од Битола кон Охрид, провејуваше по малку снег. Но кога стигнавме на Буково, затекнавме хаос! Очигледно дека снегот не беше исчистен од претходниот ден. Се заглавија два шлепери, зад нив се направи цела колона, над 50 автомобили. Чекавме околу два часа додека да се реши проблемот. Дојде возило за расчистување на снегот, но за несреќа, или пак поради нечија неодговорност, никој немаше сајла, за да се тргнат заглавените шлепери, вели фолкерката за Фокус.

Поради обилните снежни врнежи, СВР-Охрид воведе мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини Пресека, Буково и кон граничниот премин „Ќафасан“.

„Напоменуваме дека забрана за движење кон планинскиот превој Буково важи и за патничките моторни возила. Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај Подмолје на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај Емо во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен“, информираат од СВР-Охрид.

Повеќе прочитајте во Фокус.