(Галерија) Зад сцената на шоуто на Victoria’s Secret во Кина VOL 1

Подготовките за традиционалното шоу на Victoria’s Secret траат со месеци. Армија шминкери, фризери, козметичари, стилисти, дизајнери и занаетчии работат на изгледот и костимите на ангелите и моделите.

Непосредно пред да започне ревијата во Шангај, убавиците се разубавуваа зад сцената облечени во розови наметки со извезени цветови. Меѓу нив позираше и Оливие Рустан, креативниот директор на Balman, кој е задолжен за дел од новите костими.

Ангелите Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ, Елза Хоск, Џасмин Тукс, Жозефин Скривер, Марта Хант, Стела Максвел, Тејлор Хил, Сара Сампајо, Роми Страјд и Лаис Рибеиро на пистата ќе бидат придружувани од десетици свои колешки, меѓу кои Бела Хадид, Даниела Брага, Бланка Падиља, Синди Бруна и Карли Клос.