(Фото) Жешка најава за новата сезона на „Живот со стил“

Убавата Елена Стефановска на својствен начин на својот профил на социјалната мрежа facebook ја најави седмата сезона на една од најуспешните емисии во Македонија, Живот со стил. Елена на сликата на која ја најавува емисијата, буквално блеска во црно бикини на плажите на Калифорнија.

Оваа девојка веќе 15 години успева како водител на македонската сцена, а Живот со стил е нејзин бисер во досегашната кариера. Шоуто е познато и во балкански рамки и секогаш има атрактивни гости, кои на специфични локации споделуваат екслузивни информации со јавноста. Новата сезона се очекува да започне да се емитува од октомври, но оваа вредна девојка не остава ништо на случајот и веќе е презафатена со ангажмани околу емисијата. Сигурни сме дека и во оваа сезона во емисјата ќе гостуваат многу атрактивни гости со кои ќе ги поминуваме најинтересните минути во неделата.

Елена инаку, важи за пријатен домаќин и одличен соговорник а нејзините емисии се вистинска релаксација како за гостите кои и гостуваат така и за нас гледачите. Сите кои не го пратевте редовно нејзиното шоу изминатите шест сезони ви препорачуваме да ја гледате новата сезона и да уживате во интересните информации и забавната атмосвера во емисија која секогаш ќе ви изгледа како да трае само 5 минути.

Нашата редакција како редовни гледачи, мора да потенцираме дека имаме високи очекувања од новата сезона и со нетрпение очекуваме да почне со емитување, а секако за сите најинтересни моменти од емисијата ќе известуваме и заедно со вас гледачите со задоволство ќе ги коментираме. На Елена и посакуваме многу среќа и убави моменти на снимањето.

Иако е тешко да одвоиме, ќе потсетиме и неколку емисии кои ни беа интересни минатите сезони:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here