Фотографијата од замрзнатото момче станала вирална: Ова дете пешачи 4,5 километри до училиште, на неговите маки им нема крај

Иако тој ден било премногу студено, тој не сакал да го пропушти тестот по математика во училиште.

Кога пристигнал во понеделникот во училиште, малиот Ванг Фуман имал “замрзната” фризура. Неговите трепки и образи исто така биле замрзнати. Имено, детето од Кина до училиште пешачи 4,5 километри, на температура од минус 9 степени.

Малиот Ванг живее со постарата сестра и баба во куќа од кал. Детето своите родители ги гледа само неколку пати годишно, бидејќи тие почнале да работат во поголем град.

Иако тој ден било премногу студено, тој не сакал да го пропушти тестот по математика во училиште.

Кога Ванг пристигнал во училиште, неговите маки не завршиле, бидејќи во училницата нема греење поради недостиг на пари.