Фудбалски турнир „Гази Баба Куп 2017“

Вкупно 1.800 млади фудбалери од 96 екипи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгаријаќе се учествуваат на „Гази Баба Куп 2017“ што ќе се одржи од 28 до 30 август годинава во Скопје.

За купот, како што информираат организаторите, пријавени се Вардар, Работнички, Пелистер, Академија Пандев, Црвена Ѕвезда, Ујпеш, Хајдук, Марибор, Лудогорец, Черноморец и многу други.

Децата од генерациите 2007, 2006, 2005 и 2003 година ќе играат на два фудбалски терени во Комплекс „Петар Милошевски“ во Аеродром, фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и на фудбалскиот терен на ФК „Вардар“ во Хиподром.

„Гази Баба Куп 2017“ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор“, под покровителство на општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, и е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Амбасадата на Република Словенија.