Глоговац знаел дека ќе умре, но сепак решил да се бори

loading...

Херојски чин: Доцна дознал дека е тешко болен, но сакал да се бори. Во Германија бил на анализи кои траат пет дена, но уште третиот ден дознал дека тој не е оној кој ќе победи.

-Изгледа 2016 година е година на умирање на актери. По неверојатен редослед на околности и настани умреа многу прекрасни актери и луѓе. Дел од тоа се и страшната економска ситуација во која се наоѓа нашата култура, па лушето се приморани да работат повеќе одошто можат. Во таа страшна борба страда здравјето, Тешко е да им се објасни на луѓето дека глумата бара ментален напор и копање по сопствената душа, но и сериозна физичка работа. Константниот вишок на напор им го загрозува здравјето на актерите, изјави во една пригода пред две години Небојша Глоговац за смртта на колегите, уметнички великани, на кои вчера рано утро им се приклучи.

Српскиот актер Небојша Глоговац почина во петокот, 9 февруари, на 48-годишна возраст по кратка борба со ракот на белите дробови, а вчера во Белград беше погребан.