Голема карпа падна на излезот од Велес: Граѓаните реагираат да се стават заштитни мрежи

loading...

„Денес во 08:20 часот по месноста на Долни дукани при самиот влев на Тополка во Вардар се одрона карпата од десната страна која беше надвиана над самиот пат. За дел од секундата еден наш сограѓанин не заврши под одронатите грамади од карпи.

Ова беше одамна очекувано но ажурноста на институциите одговорни за безбедност на патишта повторно потфрли. Ако одредени лица од Македонија пат секојдневно контролираат по патиштата вакви трагедии ќе бидат избегнати и навремено патниот правец затворен за сообракај и санација на проблемите.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат да се стават мрежи на сите карпи, не само на оние кои досега биле критични според проценките на општината.

Погледнете ја фотографијата: