(ФОТО+ВИДЕО) Гори црногорското приморје, градоначалниците ја молат владата за помош

Половина црногорско приморје е зафатено од оган. Шумскиот пожар од е од Херцег Нови до Сутоморе а пожарната неможе да го исгазне поради силниот ветер.

Тамошното население е евакуирано како и туристите, а спасувачките екипи ги евакуираа со чамци.

Ситуацијата е алармантна а луѓето скокаат во морето бегајќи од огнот. Ја чекаат помошта внатре во водата.

Екипите веќе трет ден го гаснат пожарот.

Меѓу евакуираните има Срби, меѓу кои мајка и мало бебе, но засега никој не е повреден.

За гаснење на пожарот стигнаа и два авиони но тие се недоволни па упатен е апел за помош до сите држави во регионот. Градоначалникот на Херцег Нови, Котор и Тиват бараат од премиерот Душан Марковиќ напор за итно реагирање за гасење на пожарот.

Во соопштението до премиерот исто така се вели дека иако туристите и населението се евакуирани тоа не е доволно за преживување на моменталната ситуација.

Најзагрозен крај е црногорското пирморје каде се наоѓа познатото летувалиште Плав Хоризонт.

Како што вели которската полиција превентивно се изнесени странските државјани.

Во гасењето на пожарот учестуваат војската и граѓаните.

Тие велат дека се одбрануваат од огнот да не дојде до нивните домови.