Хорор за младо момче во Парк Шумата во Гази Баба – Го влечеле по земја додека не се онесвестило

loading...

Хорор се одвивал во 21 часот ви Парк Шумата во Гази Баба. Во Полициска станица Гази Баба, 26-годишниот Б.Н. од селото Арачиново, пријавил дека движејќи се во Парк шумата во Гази Баба, од страна на четири непознати маскирани лица му било извршено разбојништво.

Тие го застанале и едно од лицата го удрило со боксирач во пределот на главата додека другото лице го фатило за ременот и почнало да го влече по земја по што тој паднал во безсознание.

По некое време откако дошол при свест, лицата ги немало и забележал дека од џебот од фармерките му го нема паричникот во кој имало 600 евра и 3.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.