Хрват го оспорува лансирањето на автомобилот на Маск тврдејќи дека земјата е рамна – Видео

Припадниците на заедницата Рамна Земја, која ја заговара теоријата дека Земјата е рамна плоча, неодамна поради спектакуларното лансирање на џамбо ракетата „falkon hevi“, а компанијата „Spejs Iks“, испратија сомнеж дека сето ова веројатно е измислено и претставува најобичнна реклама за автомобилот „Tesla Roudster“. Набрзо потоа на Јутјуб се појави снимка од еден Хрват со слични ставови.

Вавилонците ширум Хрватска се воодушевени. Во делириум се после гледањето на видео клипот за рекламната кампања на еден автомобил. Во тој рекламен спот е прикажано како автомобилот заминува во вселената. Нема да верувате, но тие во тоа веруваат.

„Тие се длабоко убедени дека тоа навистина се случило и досега над Земјата кружи некаков автомобил и тоа кабрио“, вели Елвис Дуспар на почетокот од својот видео коментар.

Дуспара во видео клипот исклучиво со коментарите го анализира лансирањето на ракетата и снимката на автомобилот од вселената.

„Некои Вавилонци доживеаа космички оргазам, но за нив тоа не е проблем. И вие во тоа верувате? За да верувате во нешто такво, морате да бидете многу образовани, морате да ги соберете сите докторати од овој свет“, изјави тој саркастично.

Затоа што нормален човек во тоа не може да поверува. Ако е здрав, ако не е исплашен и духовно развиен, тој во тоа не може да верува, тој гледа дека тоа е бајка“, заклучил Дуспар.

Ова видео предизвика бројни реакции на интернет, а многу коментатори го исмеаа настапот на хрватскот „рамноземјаш“.

„Овој канал е сатира? Ве молам кажете ми дека е“, напиша еден од нив.

„Интересно е дека тие за кои Земјата е округла ги нарекуваш Вавилонци. А токму Вавилонците биле тие кои Земјата ја сметале за рамна плоча опкружена со големи океани. И понатаму зборуваш без никакви докази како и целата твоја заедница“, заклучуваат други.