Хрватите ја затворија „Арената“ поради вонредни безбедносни проверки

На само неколку часа пред почетокот на натпреварите од Ц групата од ракометното ЕП кое се одржува во Загреб, салата „Арена“ е затворена поради вонредни безбедносни проверки.

Се обидовме да влеземе во прес центарот кој е во склоп на салата, но ни рекоа дека хрватската полиција ќе ја чешла „Арената“ со сите салтанати. Дури и на луѓето кои се таму им беше чудно зошто токму сега се прави тоа.

Првиот меч е на програмата од 17.15 часот, се среќаваат Црна Гора – Германија, а според најавите „Арената“ ќе да биде затворена и темелно прочешлана за неколку часа.

Мечот Македонија – Словенија е во 19.30 часот, а избраниците на Раул Гонзалес ќе се обидат да го добијат фаворитот и да отворат врата за подобар пласман на ова првенство.