И оваа година LIONS CLUB ,,Lux Aeterna” донираше новогодишни елки за училиштата во Карпош

Лајонс клубовите од целиот свет секоја година прават разни донации охрабрувајќи ги младите да ја изразат својата визија и воедно служат интернационално.

И оваа година LIONS CLUB ,,Lux Aeterna” Скопје спроведe новогодишна акција, со што беа донирани 14 новогодишни елки во сите училишта на територијата на Општина Карпош. За дечињата на клиниката за педијатрија во Скопје беа донирани подароци, како и една новогодишна елка, со цел да се израдуваат најмалите.

Кliknikupi.mk исто така ја потпомогна оваа акција со донација на новогодинешните елки, со цел тие да можат да стигнат до сите училишта.