И утре изменет сообраќаен режим во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

loading...

Поради верскиот празник Задушница, и утре, како и денеска, во периодот од 06 до 16 часот ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.

Поради изведување градежни работи ќе биде затворен и дел од улицата Александар Урдаревски, во реонот на гробиштата Бутел.

Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по улица Боца Иванова во правец од кружниот тек на улица Александар Урдаревски кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улица Боца Иванова, лево, по улица Александар Урдаревски кон клучка Мирковци (обиколница).