Ибупрофенот ја намалува плодноста кај мажите

loading...

Максималната дозволена доза на ибупрофен за возрасни, 1200 милиграми дневно, може да доведе до неплодност кај мажите, покажа ново данско-француско истражување.

После две недели редовно земање на ибупрофен откриле дека паднал бројот на хормони кои произведуваат тестостерон, што предизвикало состојба кај мажите која се нарекува хипогонадизам.

Оваа состојба е поврзана со намалувањето на плодноста, еректилната дисфункција и депресијата, а често се појавува кај постарите мажите.

„Нашите податоци покажуваат дека ибупрофенот го менува ендокриниот систем со селективна репресија на ендокрини клетки во тестисите. Тоа предизвикува хипогонадизам, состојба во која се создаваат мал број на сперматозоиди и која е поврзана со различни репродуктивни и физички пореметувања“, наведуваат авторите на истражувањето, објавено на страниците на американската Национална академија за наука.

Во истражувањето учествувале 30 мажи од Данска и Франција меѓу 18 и 35 години.

„Ова претставува истражување кое елегантно комбинира клинички и базични истражувања, како на ткивата така и на клеточно ниво, за да докаже дека ибупрофенот, вообичаен лек против болки, може неповратно да го спречи производството на тестостерон во клетките на тестисите“, вели докторот Ричард Квинтон.

„Сите мажи кои рутински земаат ибупрофен против болки би требало да прекинат со тоа и да размислат за својот избор“, предупредува докторот Квинтон.