Иџе ќе се бори за шампионска титула на патеката Золдер во Белгија

Викендов во Белгија, по пауза од неколку месеци, на патеката „Золдер“ од 15 до 17 септември, ќе се вози претпоследната трка во ФИА ЕТЦЦ за оваа година.

Игор Стефановски Иџе и неговиот Сеат се во топ четворката од девет возачи. Тој е во игра за шампионската титула. Од лидерот Петр Фулин го делат 15 поени, а само два од второпласираниот Шрајбер.

Двете трки на кои ќе учествува Стефановски ќе може да се следат на спортскиот канал Еуроспорт 2 во 18 и 18.30 часот или на собранискиот канал на МРТВ во недела,17 септември.