Инцидент во банка во Карпош: Му одбиле барање за кредит, викал и се карал со банкарките, па се заканил дека ќе се врати

loading...

Неодобрен кредит било причина за жестока расправија, помеѓу клиент и банкарка од експозитура во Скопје. Инцидентот се случил завчера во 14,50 часот во експозитура во населбата Карпош кога обезбедувањето во објектот морало да интервенира и да повика патрола.

Во експозитурата, клиентот почнал недолично да се однесува и расправа со банкарката која му соопштила дека барањето за кредит не му било одобрено. Лут поради одлуката на банката, тој почнал да вика и да се расправа и со обезбедувањто, по што било побарано да интеревнира и патрола.

Клиентот потоа ја напуштил банката, заканувајќи им се на вработените дека повторно ќе се врати да го реши проблемот.