ИНЦИДЕНТ ВО СОБРАНИЕТО: Спречена тепачка помеѓу Груевски и Џафери

loading...

Инцидент се случи предмалку во Собранието на Р.Македонија. Како известија медиумите за тензичната атмосфера во продолжение:

24 вести:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му ја зема картичката на собранискиот спикер Џафери додека ја отвораше точката за Законот за употреба на јазиците. Груевски се надвисна над него и во моментот кога Џафери го напушти столчето , Груевски се испречи пред него при што за секунда не дојде до физички контакт.

Сите пратеници изреагираа и скокнаа од своите места. Тогаш реагираше собраниското обезбедување, а Џафери рече еве каков е поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при што Џафери ја напушти собраниската сала, но и Груевски.

Пратениците се уште во салата, а собраниското место во моментов го бришат, бидејќи очигледно Груевски му ја истурил водата на Џафери.

Фокус:

Физички контакт меѓу Џафери и Груевски на седницата на законот за јазици

Откако Талат Џафери ја прекина собраниската седница, по спротиставувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предводени од поранешниот лидер на партијата Никола Груевски, дојде до минимален физички контакт меѓу Џафери и Груевски.

Во тие моменти интервенираа припадници на собраниското обезбедување, кои спречија да дојде до посериозен иницидент.

– Ова е поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ – прокоментира Џафери, непосредно пред да дојде до контактот.

СДК:

ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО СПРЕЧИ ТЕПАЧКА НА ГРУЕВСКИ СО ЏАФЕРИ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го испрска со вода претседателот на Собранието Талат Џафери, па му ја зема картичката за гласање, по што Џафери даде пауза и стана да си оди, но беше запрен од Груевски, при што дојде до турканица меѓу нив двајца. Собраниското обезбедување интервенираше и ги раздели пред да дојде до тепачка.

Ова се случи веднаш откако Џафери ја стави на дневен ред точката за Законот за употреба на јазиците.

Сител:

Инцидент во Собранието и пратениците на ВМРО- ДПМНЕ се собраа околу говорницата на Талат Џафери

Tалат Џафери се обиде да ја отвори расправата за јазиците, пратениците на ВМРО- ДПМНЕ се собраа околу говоирницата на Џафери и бараат да се прекине гласањето за Законот за јазици и бараат процедурална.

 

Сепак тој одлучи да даде пауза од 15 минути .

ВМРО бара разгледување на сите амандмани

Прес 24:

Инцидент во Собранието: За влакно избегната тепачка меѓу Груевски и Џафери

Екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ практично ја прекина седницата на која требаше да се донесе Законот з ајазиците откако доаѓајќи на местото на Џафери, најверојатно му ја извади собраниската картичка со што оневозможи да ја почне постапката за донесување на Законот з ајазиците.

По ова Груевски и Џафери имаа и близок контакт, но за среќа реагираше обезбедувањето.