Исповед на една мајка: Имав 18 спонтани абортуси, а потоа животот ми приреди изненадување

loading...

Ова е приказнаата на жена која скоро две децении се обидува да роди дете.

 

Со сопругот 16 години се обидувавме да имаме дете, но секоја моја бременост завршуваше со абортус. Никој не знаеше што ми е. Се плашев дека никогаш нема да родам, но тогаш се случи чудо, ова е приказната на жена која скоро две децении се обидувала да роди дете.

Таа додава: „ Дури по 16 години лекарите открија дека тука нешто не е во ред. Дијагностицираа дека имам „ќелии убијци“ кои ги напаѓаат и уништуваат ембионот кој е стар само неколку недели. Одлучивме да престанеме да се обидуваме во 2010 година зошто секој пат кога ќе останев бремена, бременоста ми се завршуваше во 14 недела. Постојано се надевав и разочарував.

Не можев да престанам да плачам секојпат кога ќе ми се случеше абортус. Не можев повеќе да поминувам низ тоа. Но 5 години подоцна одлучив себеси да си дадам последна шанса и да одам на донација на ембриони во Чешка 2015 година.

Потоа се случи вистинско чудо, останав бремена и успеав да го родам мојот син во 37 недела со царски рез. Долги 16 години од кога почнавме да работиме на бебе. Сега често не нарекуваат негови баба и дедо, но ние сме пресреќни што добивме наше дете, раскажува таа.

18 абортуси и 90.000 евра. Вредеше. Не сум повеќе млада и не можам да трчам по него додека си игра, но се вреди. Сега сме совршено семејство, а јас конечно се чувствувам исполнето“, вели таа.