Извонредниот живот на Стивен Хокинг низ фотографии

loading...

Стивен Хокинг беше три во едно: еден од најголемите космолози и научници во светот, медицинско чудо и ликот што имаше најмали реални шански да стане суперѕвезда… а стана.

Невромоторната болест му беше дијагностицирана во 1964 година, на возраст од 22 години. Докторите му рекоа дека тешко ќе дочека 30години, но пола век подоцна, Хокинг го прославуваше својот 70-ти горенден, а светот го знаеше како не само како еден од најбрилијантните умови и научници на денешницата, туку и на модерното време.

Стивен почина денеска во домот во Кембриџ, на возраст од 76 години. Дејли Мејл не води на емотивна фото прошетка низ неговиот извонреден живот

– Стивен Хокинг кога беше бебе и тазе стигнат на светов, во далечната 1942 година.

– Со тетка му Муриел некоја година подоцна

– Со сестра му Мери

– Со двете сестри Мери и Филипа

– Како младо момче, на прошетка со чамец

– Во школскиот двор, на возраст од 12 години

– Како студент на Оксфорд (на денот на дипломирањето во 1962 година), каде дипломирање без многу напор. Подоцна рече дека во тоа време учел само по еден час на ден. „Не сум горд на тоа, само го опишувам мојот став кон учењето во тоа време, кој го делев и со останатите студенти. Во тоа време или човек ќе беше брилијантен без напор, или си ги прифаќаше можностите и остануваше со четврт клас“

– Со Џејн се сретнале на забава во 1962 година. Следната година на Хокинг му дијагностицираат амиотрофна латерална склероза. Дури и свесни за очекуваниот краток век, тој и Џејн се свршуваат во 1964 година, а се венчаат во 1965 година.

– Хокинг, сега космолог, на 10 октомври 1979 на универзитетот Принстон

– На Харвард, април 1984 година

– Со сопругата Џејн на почесното доделување на диплома на Кембриџ, 1989 година

– 1988 година, дел од документарната серија „Master of the Universe“ на Channel 4

– Стивен, Џејн и децата Роберт, Луси и Тим

– Во 1991 со Џејн имаа болен развод кој го брануваше целото семејство

– Со кралицата Елизабета (мајката на Елизабета II)

-Со нобеловката Дороти Хоџкин

– На 16 септември 1995 година, Хокинг се венчаше со својата втора сопруга – Илејн Мејсон, поранешна медицинска сестра.

Се разведоа во 2006 година.

– На предавање во Ватерстоун на Royal Albert Hall во Лондон, 1955 година

– Професор по математика на Кембриџ, 2000 година

– Со сопругата Илајн на универзитетот Кембриџ на неговиот 60-ти роденден, 2002 година

– Со Илајн на премиерата на „Lemony Snicket’s A Series od Unfortunate Events“ во Лондон

– Астрофизичарот на лебдење во нула гравитација во антигравитациски авион во април 2007 година, на 24.000 стапки над Атлантикот, заедно со тим на доктори и сестри

– Честитки за комплетираниот лет

– Сликан во 2007 година пред својата биста во Центарот за теоретска космологија на Кембриџ

– На прес конференција на Startus science and art фестивалот во рамките на The Royal Society во Лондон

– Средба со Нелсон Мендела во Јоханесбург, во мај 2008 година

– За време на говорот насловен „Зошто треба да одиме во вселената“ на универзитетот Џорџ Вашингтон во САД, април 2008 година

– На отварањето на новиот Центар за математички науки на Кембриџ

– Со Еди Редмејн, кој го глумеше Стивен Хокинг во биографискиот филм „The theory of everything“

– Обама му додели Претседателски медал на слободата, во 2009 година

– На премиерата на филмот, со актерската екипа и поранешната сопруга Џејн

– Во 2010 година, додека го гледаше првото прикажување на неговото документарно шоу на Дискавери, насловено Stephen Hawking’s Universe

– Со актерката Џејн Фонда во 2011 година

– Со британската кралица во Лондон 2014 година

– На прес конференција во 2014 година, каде ја презентираше својата формула за тоа како Англија да го освои Светскиот куп во фудбал

– Со актерот Бенедикт на приемот на Motor Neutone Disease Association во Бакингемската палата во Лондон 2015

– На доделувањето на наградите „Гордоста на Британија“, октомври 2016 година

– Со Папата во Ватикан, ноември 2016 година

– Хокинг често беше дел од серијата The Big Bang Theory. Се појави во вкупно 7 епизоди, а во 200-тата му пееше Среќен роденден на Шелдон

– Ноември 2017-та, еден од последните јавни настапи а Хокинг, на The Cambridge Union

– Стивен Хокинг во јули 2017 година, на симпозиумот на Кембриџ во кој зборуваше за својот живот и својата работа, во чест на неговиот 75 ти роденден

Засекогаш ќе остане еден од омилените научници, шегаџии и воопшто прекрасни умови. Нека почива во мир!