Јапонките се колнат во овој рецепт со векови: Домашна маска за лице која СПРЕЧУВА појава на брчки и стареење на кожата

Дали сте знаеле дека оризот се смета за исцелителено козметичко средство? Тој е богат со витамини од групата Б кои го стимулираат растот на клетките, го успоруваат нивното стареење и го подобруваат снабдувањето со крв во кожата – одлично средство за блескав изглед на лицето.

Тој е со векови користен и посебно ценет и вреднуван во рецептите на јапонските убавици… Наоружајте се со тајните на убавина и младоста на јапонските жени и спречете го предвременото стареење на кожата.


Со цел да ја одржите кожата во беспрекорна состојба и спречите предвремено стареење на истата, Јапонките користат маска од ориз. Оваа лековите маска за лице со ориз, млеко и мед, ќе стане вашата омилена маска, затоа што по нејзината употреба кожата станува нежна, многу мека и блескава.

Рецепт:

Земете 2-3 супени лажички ориз и сварете го на вообичаениот начин, додека добро не омекне. Водата од сварениот ориз, која подоцна ќе ја користите, процедете ја и оставете ја во посебна чинија.

Зготвениот ориз измијте го со вода (можете и да го испасирате за да не паѓа од лицето) и додадете во него една супена лажичка топло млеко. Мешајте ја смесата додеа не се изедначи и додадете 1 супена лажичка мед.


Маската нанесете ја во дебел слој на претходно исчистена кожа на лицето и вратот. По половина час внимателно отстранете ја маската и измијте се со водата во која се вареше оризот. Редовната употреба на оваа маска (2-3 пати неделно) ќе обезбеди сјаен изглед на вашата кожа.


Наредниот пат кога ќе готвите ориз не ја истурајте водата во која се варел. Оваа смеса е извор на цела палета микроелементи и витамини, неопходни за кожата на вашето лице.

Направете го следново:

Измијте се. Натопете парче памук во оризовата вода и обилно нанесете ја на кожата на лицето. Освен горенаведените корисни особини на оризот, неговата вода одлично ја хидрира кожата на лицето, содржи антиоксиданси и поседува апсорбирачко својство на ултравиолетови зраци. Покрај тоа е во состојба да се врзе со бакар, па го успорува формирањето на меланин и со самото тоа спречува настанување на пигментни флеки.

Водата од варениот ориз можете да ја чувате во фрижидер до 4 дена. Користете го наутро и навечер како лосион за лице. Можете и да го замрзнете и да го корисите како коцка мраз за чистење на лицето.