Каде завршува дел од парите кои странците ги плаќаат за патарини?

Постои дилема каде завршува дел од парите кои странците ги плаќаат за патарини со оглед на тоа што цените за плаќање во евра се поскапи од вообичаената сума на наплатните станици на патиштата.  На пример на наплатната станица Скопје-Петровец износот на патарината за домашните патници е 40 денари за странките државјани 1 евро или 60 денари. Ваква разлика во сумите има на патарините и на другите патни правци.

По изјавата на првиот човек на ЈП за државни патишта Китанов дека разликата од денарското и девизното плаќање ја задржува НБРМ, од банката демантираа дека имаат било каква вклученост во начинот на формирање на цените на наплатата на патарините, пренесува Сител.

„Народната банка  согласно своите законски овластувања во доменот на платниот промет во ниту еден сегнемт не е инволвирана во начинот на работењето на ЈП за државни патишта ниту пак во начинот на формирање на цените за наплата на патарините. Народната банка нема никаква деловна релација со прептијатието и произволната изјава дека  НБРМ кога станува збор за железните кованици задржува  25-30 процетни е крајно нејасна конфузна. Следствено не станува збор дека НБРМ на јавното прептијатие му наплатува некаква провизија илин пак му задржува некаков процентуален износ“ посочуваат од НБРМ.

Пред два дена директорот на државни патишта Китанов од пред наплатата станица кај Сопот почоси дека поскапата патарина за странците не е злоупотреба. Дел од средствата односно 25 до 30 отсто задржува НБРМ. Тој не кажа дали во тој дел нешто ќе се менува со воведувањето на електринскиот систем за наплата на патарините во земјава.