(Видео) Како да го извлечете автомобилот ако ви се заглави во снегот?

Еден од кошмарите на секој возач е заглавување во снегот. Најважно е да не паничите, без разлика среде какво невреме се наоѓате. Останете смирени и не заборавајте дека секогаш можете да се јавите на најблискиот сервис.

Немојте да ги вртите тркалата во снегот, бидејќи со тоа дополнително може да придонесете да се закопате во него. Наместо тоа, префрлете во најниската брзина и полека обидете се да се движете напред и назад, додека не ги премините снежните бариери околу себе.

Ако тоа не успее, посипете малку сол по гумите и околу нив, која треба да ја чувате во својата кутија за итни случаи. Средствата за одмрзнување или миење на стакло исто така може да помогнат за топење на снегот околу гумите, но ова се советува да се направи доколку друго решение не успее.

Повикајте 112, ако станува збор за итна ситуација или ако не се чувствувате безбедно. Тие ќе ве поврзат со службата која може да ви помогне или да ве советува што би можеле да направите. Ако не станува збор за итен случај и не успеете никако да се извлечите, јавете се на најблиската влечна служба која ќе ве извлече од снегот.

Ставете го знакот триаголник за другиот возач да ве забележи навреме. Исчистете го целиот снег и мраз од ауспухот за издувните гасови да не навлезат во автомобилот. Останете во автомобилот додека пристигне помошта. Исклучете го моторот и палете го на секои 10 минути за да ја задржите топлината и малку да се загреете и себеси и автомобилот.

Одењето по длабок снег или снежна бура не е мудра одлука, бидејќи со тоа ризикувате да се изгубите, да се смрзнете или да ве удри друг возач кој поради временските услови не би можел да ве забележи навреме.