Каков маж и одговара на секоја жена според месецот на раѓање?

loading...

Meсецот на раѓање го одредува карактерот на личноста. На секоја жена, пак, потребен ѝ партнер кој ќе ја прифати таква каква што е, поттикнувајќи го најдоброто во неа. Па, со каков маж треба да бидете во врска?

Зависно од месецот на раѓање, идеалниот партнер се разликува од жена до жена. Од јануари до декември, прочитајте кој тип на маж е најсоодветниот за љубовна врска на секоја од нив:

Јануари

За родените во првиот месец од годината, може да се каже дека се жени кои водат прилично брз начин на живот. А, нивниот идеалнен партнер мора да го следи истиот ритам. Ним спорите и слаби мажи никако не им одговараат, бидејќи ќе им пречат и забавуваат на патот до целта. Тие имаат многу работи што посакуваат да ги остварат во животот, поради што никако не би сакале врската со погрешен партнер да ги кочи во амбицијата.

Февруари

На жените родени во февруари, пак, потребен им е маж што ќе научи како да биде трпелив со нив. Свесни дека не е лесно да се биде со нив во врска, а истото им го предочуваат и другите луѓе. Па, идеалниот партнер мора да биде полн со разбирање, така што нема да го иритира нивниот темперамент. Односно, некој што би можел да се носи со тврдоглавоста и каприциозноста на својата втора половина.

Март

Тие се жени кои се мошне нежни, грижливи, искрени и полни со љубов. За нив, речиси секогаш другите личности се на прво место. Поради тоа, на жените родени во март, потребен им е маж кој ќе води грижа за нив, исто како што тие се грижат за останатите луѓе. Премногу време и енергија трошат грижејќи се за туѓите судбини, па на идеалниот партнер, нивната добросостојба би требало да му биде на прво место.

Април

Во овој случај, се работи за премногу јаки и независни жени, кои се немилосрдни и мошне непопустливи. Воедно, тие се и сурово искрени, што луѓето понекогаш го доживуваат на погрешен начин. Заради тоа, потребен им е маж што добро ќе ги разбере и ќе го цени нивниот карактер. Ним им треба партнер кој ќе ги мотивира да бидат тоа што се. Некој што нема да се обидува да ги ограничи, потисне, или, пак, менува.

Мај

Жените родени во мај живеат како на брза подвижна лента. Како постојано да скокаат од една работа на друга. Сакаат да се дружат и да бидат окружени со луѓе. Притоа, имаат тенденција да започнуваат по неколку проекти во исто време. Понекогаш, дури и многу повеќе одошто можат да реализираат. Ним им треба маж што е преполн со енергија, па ќе може без проблем да се вклопи во интензивното темпо.

Јуни

Кога е овој тип на жени во прашање, тие по некое непишано правило привлекуваат ткн. „скршени мажи“, односно партнери кои „треба да се поправаат“. А, токму тоа е причината зошто љубовните врски во минатото не им биле успешни. Ним им треба маж кој е стабилен, цврсто стои на земјата и знае што сака во животот. За промена, да си најдат маж кому не му се потребни никакви „поправки“ за да функционира како здрав и позитивен човек.

Јули

Жените родени во седмиот месец се окружени со луѓе кои везден им говорат што би требало да променат во животот, по кој пат би требало да одат, како би требало да се однесуваат… За разлика од нив, идеалниот партнер ќе се однесува сосема спротивно. Тој ќе ја поттикнува жената да биде во центарот на вниманието, да биде своја и храбра, како и да го постигне сето она што си го зацртала да го оствари во животот, независно од туѓите мислења.

Август

На августовските жени им треба партнер кој ќе им ја говори вистината, колку и да е таа непријатна. Тие се родени водачи. Во крвта им е да бидат лидери, а поседуваат авторитет со кој ги привлекуваат другите луѓе. Понекогаш, истото може да ги доведе и до тоа да станат полни со себе, па потребен им е маж кој ќе знае да ги спушти на земја.

Септември

На жените родени во септември им е потребен маж кој ќе ги поттикнува да ја следат својата страст за мудрост и знаење. Тие не би требало да си го губат времето со личности кои се плашат од нивната интелигенција, или, пак, проактивната природа. За нив, идеален партнер е оној што е доволно сигурен во себе – за искрено да ги поддржува во нивните соништа.

Октомври

Не е тајна дека октомвриските жени се посебно љубезни, внимателни и симпатични. И тие искрено и со чисто срце се грижат за другите, а тоа навистина се гледа. Меѓутоа, понекогаш се доведуваат во ситуација да бидат изложени на злоупотреба и манипулација. Затоа им е потребен маж кој ќе ги почитува и никогаш нема да ги земе здраво за готово.

Ноември

Жените родени во ноември имаат по малку чуден вкус. Свесни се дека мнозинството луѓе тешко ги разбираат, како и дека воглавно не сфаќаат на кој начин работи нивниот мозок. Ним им е потребен маж на кого никогаш нема да му здодее, туку постојано ќе се обидува во нив да создаде чувство дека се сфатени. Им треба партнер кој ќе го ислуша сето она што тие имаат да го кажат. Ама, навистина да ги чуе нивните зборови.

Декември

Декемвриските жени се весели и среќни по природа, па најидеален партнер би им бил оној што би ја негувал таа нивна особина. Им треба маж кој ќе ги поттикнува на забава, а во исто време ќе внесува мир и позитивна енергија во нивниот живот.

 

Извор: Црнобело