Казни за три кафе барови во Центар поради преголема бучава

По пријава на жителите на општина Центар поради бучава, Општината наложи овластена фирма да изврши мерење на бучавата во кафе баровите “Интермецо“, “Бастион“ и “Џуси бар“, каде е констатирано дека таа ја надминува максимално дозволената граница.

-На пријава од граѓани, овластен инспектор од Општина Центар излезе на терен и утврди дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот на жителите од околината, се вели во соопштението.

Од општината најавија дека ќе следуваат казни за одговорните и за правните лица според позитивните законски прописи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here