Ќерката на легендарниот англиски голман е егзотична секс бомба – Галерија

Џорџина Симан е ќерка на легендарниот англиски голман Дејвид Симан кој во пензија од фудбалските терени замина во 2004 година.

Додека дел од денешните генерации на фудбалски фанови не го ни запознаа Симан на терените, а некои помлади можеби и го подзаборавиле, неговата ќерка, за разлика од тато, допрва ја лансира својата слава и популарност на Инстаграм, каде пали и жари со бујните облини.

Сексапилната и бомбастична Џорџина на оваа социјална мрежа непрекинато ги дразни страстите на нејзините повеќе од 45.000 обожаватели со жестоко провокативни и жешки фотки.

Дејвид ја доби Џорџина во бракот со втората сопруга Деби, која од него се разведе во 2010 година поради, како што тогаш се пишуваше по медиумите, брачно неверство.