Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Германската канцеларија за заштита од радиоактивност ја објави најновата листа на паметни телефони кои зрачат најмногу и најмалку.

Нормата која е земена како дозволена количина на зрачење по човековото ткиво е 2.0 W/kg (вати на килограм) во Европа и таа мора да се почитува при изработката на мобилни телефони. Во документацијата која доаѓа со секој мобилен телефон јасно е назначено колку зрачи уредот кој сте го купиле.

Заклучно со 31 декември 2017 година, Германската канцеларија за заштита од радиоактивност објави нова листа на телефони кои зрачат најмногу и најмалку. Радува фактот што сите телефони од листата се под дозволеното ниво на зрачење, а избрани се актуелните модели на телефони.