Компримиран природен гас – Eнергенсот на иднината

Експертите сметаат дека главните предности на КПГ се неговиот еколошки аспект поради малата емисија на јаглерод диоксид, потоа економската исплатливост, како и тоа што дава одличен перформанси на возилата во кои се користи како погонско гориво.

Во овој момент никој со сигурност не може да се каже како ќе изгледа енергетскиот микс на иднината. Меѓутоа, повеќето експерти се согласуваат дека еден извор на енергија го заслужува епитетот енергенс на иднината. Тоа подеднакво важи и кога се во прашање економската исплатливост и неговата еколошка предност. Тој енергенс е компримираниот природен гас, попознат како метан.

Компримираниот природен гас (КПГ) всушност е природен, односно земен гас, кој се компресирана на притисок од 220 до 250 бара, а негова главна состојка е метанот. Во споредба со останатите енергенси, метанот има најмал коефициент емисија на јаглерод диоксид (CO2), така што јасно е дека неговата употреба допринесува во зачувувањето на животната средина.

Покрај намалената емисија на штетни гасови, употребата на метанот допринесува и кон намалувањето на буката, па позитивните предности на животната средина можат да се гледаат и од тој аспект. КПГ се користи како алтернативно гориво за сите видови на возила, а исто така е важен енергенс и во индустријата. Една од предностите КПГ е и изначително пониската цена во текот на преработката и во продажбата. Основна особина на метанот е неговата високо калориска вредност, која далеку ја надминува истата вредност кај останатите погонски горива.

Предност на истиот тој енергенс е и октанскиот број, како еден од мерилата на квалитетот на горивата. Истовремено, возилата кои го користат КПГ како погонско гориво одржуваат подолг работен век на моторот, подобра стартност и подобри управувачки перформанси. Исто така, праксата показува дека штедењето при користење на метанот како погонско гориво оди и до 50 проценти, во зависност од видот на возилото.