Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ

loading...

„Звукот на идната генерација“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија и седум студенти од Факултетот за музичка уметност-Скопје.

Ќе настапат студентите: Анастасија Грговска – пијано, Томе Костовски – пијано, Динко Стипаничев – контрабас, Симон Поповски – виолина, Стефан Илиев – труба, Богдана Бушевска – флејта и  Александра Илиева – саксофон.

Избрани се по пат на аудиција и ќе изведат дела од Чајковски, Хачатуријан, Ботесини, Прокофјев, Енеску, Ибер, Мијо.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го води диригентот Сашо Татарчевски.