Коњ да побегне од газдата удрил во автомобил со мали деца во Ѓорче Петров – Фото

Коњ бегајќи од газдите во Ѓорче Петров удрил во автомобил во движење во кој мајка ги превезувала двете дечиња едното три , другото шест години.

За среќа штета има само на автомобилот, а мајката и дечињата поминале неповредени. Потресен од случката, настанот на Sидот на сообраќаен срам на Фејсбук го раскажува таткото на дечињата потресен од ситуацијата во која се нашле најблиските.

-Враќајќи се накај дома пред надвозникот од Ѓорче Петров кон Даме Груев коњ трчајќи, бегајќи од газдите им пресекол пат и удрил во автомобилот на сопругата. Нека сега здруженијата за заштита на животните ми објаснат како ние луѓето да се заштитиме од животните, бидејќи полицијата крева раменици, стои во постот.

Тој исто така раскажува дека на ова место често претрчувале коњи па бара решение од надлежните за да не се случи уште поголема трагедија.

Фото: Ѕид на сообраќаен срам

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here