КОРИСНИ ТЕХНИКИ: Вака ќе го заведете секој маж!

Иако мажите се оние кои го прават првиот чекор, флертот најчесто го започнуваат жените. За да ви се приближи маж мора успешно да го заведете, а заведувањето е вештина која може да се научи.

Па доколку сакате посакуваниот маж конечно да биде со вас, станете заводничка на која нема да може да и одолее.

Еве ви неколку корисни техники:

За успешно заведување најважно е да бидете опуштени. Некои жени тешко се опуштаат, но постојат разни технии кои лесно се учат. Колку подобро и поопуштено се чувствувате во сопствената кожа, толку подобри сте во комуникација со другите луѓе. Вашата опуштеност значи и дека е удобно да се биде во ваше друштво, а тоа е важен дел од успешното заведување.

 

Во никаков случај не треба да делувате како личност на која очајничи и треба машко внимание. Таквото чувство дава сигнали на зависност, а никој не сака жена која само чека маж да и ги реши сите нејзини проблеми. Бидете независна и силна жена која истовремено може да биде нежна и топла.

Бидете “живи“ бидејќи заведувањето е игра. Смешкајте се и спонтано допирајте го, шегувајте се. Едноставно настојувајте добро да се забавувате без оптеретување од резултатот. Уживајте во играта бидејќи на тој начин ќе ужива и мажот, а тој го сака тоа чувство.

Покажете интересирање за нешто за што го сака и замолете го да ве научи нешто за тоа. Мажите сакаат да ги учат жените на нови работи, па овозможете му го тоа задоволство.

Секако на убав начин дајте му до знаење дека ве интересира и дека ви се допаѓа, но паралелно на суптилен начин дајте му до знаење дека нема лесно да ве добие. Особено не во кревет. Бидете вистински плен, кој може да се улови, но не лесно и така ќе го разбудите неговиот исконски порив за лов.

Мажите многу сакаат да бидат ценети и почитувани и да им се воодушевуваат жените. Тоа не значи дека морате да го кренете до небо, но секако поделете му по некој комплимент. Слободно ласкајте му, но притоа бидете искрени. Лагата секогаш се чувствува.