Кражба во стан во Аеродром, штетата 500.000 денари

loading...

На 26 декември во 11.28 часот, С.П.(50) од Скопје пријави дека во периодот од 13 часот на 25 декември до 10.30 часот на 26 декември непознат сторител извршил тешка кражба во нејзиниот стан на булеват „АСНОМ”.

Сторителот со употреба на погоден алат, преку балконската врата, влегол во станот и одзел поголема количина златен и друг накит, 20.000 денари и 3.000 евра. Откако го извршил делото сторителот го напуштил местото на настанот. На тој начин сторителот се стекнал со  противправна  имотна  корист  од  500.000  денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.