Креветот наутро не треба да се мести, а причината е сосема логична

loading...

Велат дека уредниот дом носи и уредни мисли, а за многу луѓе тоа започнува со местење на креветот наутро.

Но, експертите велат дека тоа носи повеќе штета отколку корист.

“Секоја вечер вашиот душек впива околу половина литар влага, најчесто пот”, вели Клаудија Виленд од германскиот сојуз на произведувачи на душеци.

“Важно е таа влага повторно да испари од душекот во текот на денот, бидејќи во спротивно се создаваат идеални услови за појава на бактерии и микроби”. Наместо местење на креветот, Клаудија советува да ги здиплите прекривките на крајот од креветот за да може душекот да “дише” во текот на денот.

Доколку не ви се допаѓа разместениот кревет, Виленд сугерира барем тој да остане разместен во текот на вашето утринско кафе или појадок.