Kрвав грабеж на менувачница во Сарај – Газдата го изрешетале во нозе

loading...

Вчера околу 20,20 часот во Скопје, во ТЦ “Сарај“ пред менувачница од страна на три непознати лица, од кои едно вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, било извршено разбојништво врз сопственикот на менувачницата.

Кон истиот било пукано со огнено оружје и притоа се здобил со повреди во пределот на двете нозе по што со возило бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје за укажување на лекарска помош.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.