Кумановка доживеала вистински хорор во својот дом, тешка кражба во скопско Горно Соње и Кучково

loading...

На 13.03.2018 година во 21.50 часот во СВР Куманово, Д.С. (46) од с.Тромеѓе, кумановско, пријавил дека истиот ден околу 21.00 часот во куќата на неговата баба А.С. (81) од населба Иго Тричковиќ непознат маскиран сторител извршил разбојништво.

Сторителот тропнал на влезната врата, по што оштетената ја отклучила. Во тој момент, тој физички ја нападнал удирајќи ја со раце, по што и одзел паричник во кој имало 2.700 денари и лични документи. После тоа, сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против ВС (51) од с.Едрениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Василево, во текот на 2016 и 2017 година за потребите на друго правно лице од Василево, како и за приватни патувања и одигрување на фудбалски натпревари надвор од Република Македонија, на лица кои не биле вработени во општина Василево им овозможувал да ги користат службените возила на општината, иако тие не ги исполувале законските услови за користење на службените возила на општината. Со таквите дејствија пријавениот овозможил прибавување на корист на неовластените лица, а на штета на општина Василево.

На 13.03.2018 година О.Ф.(51) од Република Турција пријавил дека во периодот од 21.00 часот на 12.03.2018 до 21.30 часот на 13.03.2018 година од ул. „Павле Илиќ” непознат сторител одзел патничко возило „Ренџ Ровер” со турска национална ознака, сопственост на фирма.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Полициската станица Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.А. (44) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

На 03.03.2018 година околу 20,30 часот во Свети Николе, при преземање службени дејствија за претходно пријавен физички напад, пријавениот упатувал закани кон полициските службеници, а во еден момент нападнал еден полициски службеник и му нанел телесни повреди.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Б. (31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.

Во периодот од 01.10.2017 до 13.10.2017 година во три викенд куќи во селата Горно Соње и Кучково, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден алат, извршил тешки кражби, при што одзел електрични алати, преносни компјутери, мобилни телефони и предмети од покуќнина, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 420.000 денари.