Легендата не се откажува: Конечно добри вести од Оливер Драгојевиќ

loading...

Оваа информација фановите долго време ја чекаа. Легендата не се откажува. Настапот на Оливер Драгојвиќ на вториот концерт зависи од дозволата на неговите лекари, а тој сака да пее и за болните деца од една клиника.

-Оливер смета дека ќе може да го одработи и вториот концерт. Немам тука ништо дрвено да чукнам, но Оливер е добро. Добро ја поднесува терапијата, а таа делува, кажа менаџерот на пејачот, Ненад Дробњак, за концертот во Сплит на 15 декември.

Првиот концерт на 69 годишниот Оливер Драгојевиќ во Спаладиум Арената е распродаден во рекорден рок од осум часа.

Поради големиот интерес од неговите обожаватели, организаторите и пејачот размислуваат за тоа да направат уште еден концерт ден подоцна. Одлуката ќе биде донесена најдоцна до среда.

-Се зависи од одговорот на лекарите на Оливер. Му посакуваме добро и ги почитуваме неговите желби. Мислам дека ќе има и друг концерт. Мојата препорака до сите заинтересирани е да не се купуваат карти од препродавачи, вели Дробњак.

Освен концертот во Сплит, Оливер сака да настапи и загребската сала Лисински на 22 декември. Тогаш ќе свири за децата од Клаичевата болница.

Тој концерт е договорен уште пред летото, исто како и оној во Спаладиум Арената.

-Се случи болеста, па застанавме, вели Дробњак.

На првиот концерт на Оливер потврдено е дека ќе настапат неколку познати хрватски ѕвезди и групи, како Џибони, Теди Спалато, Стјепан Хаузер…

За вториот концерт сигурен е Спалато, додека Хаузер веќе има договорен настап во Будимпешта, Џибони се уште го нема потврдено второто гостување.