Лекарите во 24.недела направиле ултразвук, ја виделе оваа глетка и ја советувале мајката на абортус – таа одбила – Денес изгледа вака

Колку родителот и да се радува на приновата, секогаш постои некој страв дека нешто нема да биде како што треба. Со таков страв морала да се соочи Сара и тоа во 24 недела од бременоста.
Сара Хелер и нејзиниот сопруг Крис откако направиле ултразвук го виделе лицето на бебето, и веднаш лекарите им препорачале абортус, бидејќи јасно им кажале  дека малиот Броди ќе биде роден со расцепени уста и непца поради што ќе има и други здраствени проблеми.
Овие родители од Америка решиле дека абортусот не е опција и дека Броди ќе дојде на овој свет, биле подготвени на сите последици.
За веднаш да го внесат во општеството и да спречат коментари од луѓе кои би го  исмејувале, решиле од првиот ден редовно да објавуваат фотографии на социјалните мрежи од својот син.
А тоа довело до неочекувана појава, луѓе ширум светот се јавуваат за финасиска помош за Сара и нејзиниот сопруг , па со собраните пари  го пратиле малиот Броди на операција.
Денеска Броди изгледа како никогаш и да немал проблеми со устата и непцата.
– Ова искуство ни покажа колку е силна заедницата на луѓето со расцепена уста и непца. Сите се јавуваат и нудат помош, вели Сара.