Листа на професии со бенефициран стаж: Дали сте на неа?

Businessman working in the office
loading...

На работникот на кого стажот му се смета со зголемено траење (или познат како бенефициран стаж) старосната граница за стекнување на пензија му се намалува со степенот на зголемување на стажот, и тоа по една година за:

– Секои 7 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци
– Секои 6 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
– Секои 5 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци

– Секои 4 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
– Секои 3 години и 6 месеци поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
– Секои 3 години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци.

Бенефицираниот стаж важи за професиите кадешто работата е особено тешка и влијае негативно врз здравствената состојба и способноста за работа на рабоbeeтникот, и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени во законските прописи, како и сите други мерки што можат да влијаат за намалување на оваа штета, како и работните места чија природа влијае на тоа да опаднат физиолошките функции на самиот човекот организам.

За увид во листата на професии за кои важи бенефицираниот стаж, клинете тука.