Људмил открил интересна тајна за Скопје: Што се наоѓа стотици метри под улица „Македонија“

Како дванаесетгодишно момче Људмил, нашинец од Австралија, открил урбана мистерија врзана за старо Скопје.
Тој ја раскажал неверојатна приказна за тајни ходници што како дете ги открил под сегашната улица „Македонија“ во 1963 година.

Претпоставува дека по ходниците се движела турската војска.
– Кога Турците бегале за Истанбул силно потиснати од нашите, меѓу останатите работи што ги носеле со себе биле и три коњски коли полни со злато. Само што немало никаква шанса да ги потераат коњите во тунелите кои влечеле претоварени коли.

Така што, трите коли сосе 6 луѓе на нив и по 4 коња на кола биле затрупани некаде под земја. Подобро им било да го затрупаат златото отколку да бидат фатени со него, а поради него убиени. Така тројца турски големци успеале да избегнат сигурна смрт.

Оваа информација ја имам многу одамна од еден стар скопјанец кој веќе одамна е починат. Оваа урбана легенда е таа што дополнително го разгори мојот љубопитен и авантуристички дух – раскажува Људмил.

Во истата таа 1963 година, кога ги открил капакот и мистериозниот ходник под него, и кога му се родила идејата да го истражи со надеж дека ќе ја разоткрие оваа урбана легенда која ја чул од старецот, Скопје го стресе катастрофалниот земјотрес. Руините што тој ги остави зад себе ја направија оваа негова авантура речиси невозможна.

– Ние, губејќи го нашиот дом, куќата на Петар Драшин, која го издржа земјотресот со мали оштетувања, но сепак беше срушена, се преселивме во населбата Влае. Иако не запрев со истражувањето на сите тунели и отвори што ги наоѓав, многу од местата каде што проценував дека водат, беа урнати и како да ја голтнаа тајната во себе. Легендата за тунелите под Скопје и златото на турските големци за мене остана урбана мистерија, која и понатаму ме скокотка, завршува Људмил.

6 КОМЕНТАРИ

  1. ubava prikazna ama nee tocna……vo toj period 1850-1900..turcite da sobirale danok …..od nekogo zemale zito ..jagninja….pcenka i se drugo no im ostafale na semejstvata nesto za da opstanat do drugiot mesec…..ima tuneli vo skopje tcno e toa izlagal edniott kaj reka vargar kaj kameniot most….edniot bil premin nad rzavna bolnica iii na vo planinata na vodno vnatre vo nea ..i kaj matka isto taka dva se otkrieni edniot nee e site go baraat ….. site go baraat toj so trite maski zlato koj go ima vo turskite zapisi….. epa aj da ja raskazeme taa prikazna… na vremeto vo podracjeto na branata kojzak segasna ziveele votoj del mojte prapra dedovci i nivnite familii se zaninamave so stocarstvo potocno odleduvale ovci i kozi imale mnogu nekolku stotici iljadi nasata familija bila najbogata vo porecieto….togasniot beg prajcal janicari vo tie sela goj diveele so nedeli pri toa selanite se kriele vo pesteri dodeka ne aminele iiii taka se zgasnati nekolku sela vo toj kraj……za da se zapre ugmetuvaneto….vo toa vreme moite praradedovci da go otkupat toa podracje prostranstoto kaj branata kozjak togasniot beg im pobaral 3 tovari maski zlato da imdade tapija i toa podracje da bide na moite prapra dedovci…ii taka posle stotina godini nasata vlast vo makedonija odluci da ni go vrati toa zemjiste so denacionalizacija……koe sega pripaga na evn a dokumentite stojat vofioka kaj premierot gruevski za dokazuvanje na ovaa storija…..e sega da se dovrzeme na predhodnata prikazna….

  2. da go demantirame…….Кога Турците бегале за Истанбул силно потиснати од нашите, меѓу останатите работи што ги носеле со себе биле и три коњски коли полни со злато. zlatoto na mojte prapra dedovci no golgotata ne prestanala vo vremeto na kolisevski kojata bila stetno zivotno i gi nabrkal moite od toa podracje
    Така што, трите коли сосе 6 луѓе на нив и по 4 коња на кола биле затрупани некаде под земја ne bile zatrupani…..tuku padnale pri preminuvanje na most na pdracjeto na matka mostot ne izdrzal se skinal ii padnale vo voda…..tocna lokacija pesterata vrelo koja site ja istrazuvaat. Така тројца турски големци успеале да избегнат сигурна смрт.

    Оваа информација ја имам многу одамна од еден стар скопјанец кој веќе одамна е починат. Оваа урбана легенда е таа што дополнително го разгори мојот љубопитен и авантуристички дух – раскажува Људмил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here