Македонија со фантастична победа против Словенија на ЕП!

Голема победа на Македонија, нашите херои одиграа одличен меч на стартот на Европското првенство и во еден драматичен и крајно неизвесен меч ја победија Словенија со 25:24

Ова беше натпревар со малку голови и исполнет со голем број на прекршоци. Најпрво започнавме слабо со повеќе грешки и одбранети голови, но до крајот на првото полувреме успеавме да се вратиме и со голот во последната секунда успеавме да изедначиме. Успешно го почнавме и второто полувреме при што во првите 10 минути во него имавме дури и +4 голови. Последните десет минути од натпреварот беа навистина тензични но сепак на крајот нашите ракометари успеаа да извојуваат победа од еден гол разлика.