Македонската фолкерка во одлична форма – Со длабоко деколте и шлиц до колк по породувањето – Фото

Фолк-пејачката Сани Гроздановска се породи пред два месеца, а веќе се врати на старата линија. Таа сподели фотографија од прославта на Стара Нова година, на која изгледа како никогаш да не родила. Во длабоко деколте и шлиц до колк, фолк-пејачката ги собра симпатиите на социјалните мрежи.

Инаку Сани летово се омажи, а во ноември истата година на свет го донесе и своето второ дете – ќеркичката Ева, а убавата вест на социјалните мрежи веднаш ја сподели пресреќниот тато Мартин. Тој напиша дека се чувствува среќно со својата сопруга која му роди ќеркичка.