Македонските граѓани БЕЗ ВИЗА ќе патуваат во уште 1 земја!

loading...

Република Македонија и Народна Република Кина ќе потпишат Спогодба за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји.

Предлогот на Министерството за надворешни работи за поптишување на Спогодбата помеѓу владите на двете земји се најде на синоќешната седница на Влада и истиот беше усвоен.

На владината прес-служба беше соопштено дека на седницата е прифатен предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба за еднострано временоско укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан.